Се бара кревет повеќе во Детската болница Козле

Се бара кревет повеќе во Детската болница „Козле“.

Во Институтот за белодробни заболувања кај деца, кој до скоро функционираше и како ковид-центар лежат шеесетина деца претежно со воспаление на белите дробови. Најмалиот пациент е бебе старо два месеца. Сега нема ковид позитивни, ама затоа големиот број на вирози кои ги немаше поради маските и изолираноста излегуваат на површина, вели Д-р Драган Дачевски.

Нормално е да има вирози во овој период од годината, појаснува Д-р Дачевски, а причината е дружењето на дечињата во градинка и на училиште, ама и на родителите. Променливото време секако е само една причина и за настинки.

Поради сезоната на грип, Д-р Дачевски вели дека пожелно е децата над 6 години да се вакцинираат, бидејќи така би ги заштитиле, но сепак, тоа е избор на родителите бидејќи за никого не е задолжителна.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons