Серија физички напади вчера во Скопје, нападнати и малолетници 

Серија физички напади во Скопје во текот на вчерашниот ден. 

На 02.01.2024 во 13.45 часот во СВР Скопје, Н.С.(37) од Скопје пријавил дека на 29.12.2023 околу 09.00 часот на подрачјето на Аеродром бил физички нападнат од неговиот сосед И.М., а на 01.01.2024 околу 18.00 часот бил физички нападнат од соседот С.М.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.01.2024 во 19.20 часот во СВР Скопје, К.Д.(54) од Скопје пријавил дека околу 18.30 часот на подрачјето на Центар, по претходни меѓусебни недоразбирања, неговата малолетна ќерка била физички нападната од две женски лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.01.2024 во 23.20 часот во СВР Скопје, Е.И.(57) од с.Кадино, општина Илинден, пријавила дека на бензинска пумпа во с.Кадино, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.01.2024 во 15.00 часот во СВР Скопје, A.A.(21) од Скопје пријавил дека на 31.12.2023 околу 23.20 часот на подрачјето на Бит Пазар, бил физички нападнат од негов роднина Р.А.(27) од Скопје, кој употребил и остар предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons