Сервисот на противпожарните авиони никако да заврши 

И по многубројните ветувања и рокови дадени од надлежните институции, противпожарните авиони и понатаму остануваат нефункционални, кога само минатата година земјава ја зафатија 204 пожари кои предизвикаа штета од околу 38 милиони евра. Имаше и многу загрозени подрачја, меѓу кои беше и просторот во близина на рафинеријата за нафта.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути, имаше изјавено дека првиот авион „Ер трактор“ ќе се врати од Шпанија поправен на 10 април, а другите два авиони ќе бидат однесени на поправка, но такво нешто не се случи. Сега Максути вели дека првиот поправен авион се очекува да се врати овој викенд.

„Целиот процес на поправка и проверка е завршен од техничарите, и инженерите на Дирекцијата за заштита и спасување и Агенцијата за цивилно воздухопловство, кои ни ја даваат конечната дозвола. Од операторот се бара распоред на летање, кој повторно го обезбедува Агенцијата за цивилно воздухопловство, во зависност од атмосферските услови“, изјави Беким Максути, директор на ДДЗС.

Но, од Агенцијата за цивилно воздухопловство велат дека при проверка на поправениот авион наишле на недовршени работи, за кои на авионот не му било дозволено да лета.

„При извршен инспекциски надзор во периодот од 04.04.2022 до 07.04.2022 година констатирано е дека поправката на авионот не е завршена во целост, поради одреден дел кој е испратен на поправка во друг овластен центар за поправка, поради доцнењето на испораката сè уште не се вратени од поправка во Валенсија, односно истите сè уште не се монтирани на авионот. Откако поправката во Шпанија ќе издаде сертификат за пуштање во употреба, Агенцијата за цивилно воздухопловство ќе издаде сертификат за тој авион, и тој ќе се врати во Македонија, рекоа од Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Нашата земја располага со три противпожарни авиони „Аир трактор“, кои не функционираат повеќе од две години. Надлежните веќе подолго време најавуваат дека имаат договор за нивна поправка со шпанската компанија „Титан фајерфајтинг“, додека Владата издвоила буџет за поправка од 700 илјади евра. Противпожарните авиони играат клучна улога, со оглед на фактот дека само минатата година од пожарите изгореа околу 12.500 хектари шума или 500.000 м3 дрва. Санацијата на опожарените шуми ќе ја чини државата 2 милијарди денари или повеќе од 32,5 милиони евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons