Секој втор граѓанин има картичка, но плаќа во кеш за нарачки по интернет
Речиси 60% од граѓаните имаат платежна картичка, но за купување преку интернет, плаќаат во кеш. Над 70% од е- трговците изјавиле дека по барање на купувачите, се плаќа во готово при достава на производот, а со картичка само 47%.
Најчесто купуваат облека, 1 до 2 пати за 3 месеци, а вредноста на нарачката е до 50 евра, покажува анализата на Асоцијацијата за електронска трговија. За разлика од кај нас, во Унијата, над 40% од нарачките се во вредност од 100 до 500 евра, а 10 отсто над 500 евра.
Причините за слабото користење картички се недовербата во он лајн продавниците, стравот дека нарачаните производи нема да стигнат, но и навиките на граѓаните.
– Според анализита на Народната банка, лани за 9 месеци, во првите 3 квартали, вредноста на он лајн трансакции изнесува 522 милиони евра. Сумата е многу поголема, затоа што овде влегуваат само транскациите платени преку картичка и само од регистрирани трговци. А голем е бројоти на оние, нерегистриани субјекти кои продаваат преку социјалните мрежи, изјави Нина Ангеловска, Асоцијација за е трговија.
Причина за малата доверба е токму купувањето преку социјалните мрежи, каде нерегистрирани трговци продаваат се и сешто. Секојдневно расте бројот на граѓани кои нарачуваат еден производ, а добиваат друг, за истиот нема фискална сметка , а кога ќе барат замена или враќање на производот, трговецот ги блокира. Ваквите субјекти покрај што не плаќаат давачки кон државата, им прават штета и на оние кои легално работат.
– Сивата економија, односно нелелагните продавачи кои продаваат преку социјалните мрежи се најголем проблем, затоа е потребен холистички пристап. Дефинитивно инситуциите треба да се вклучат во овој комплекен проблем, затоа што како расте легалната он лајн трговија така расте и нелегалната, додава Анѓеловска.
Податоците кои ги објави Народната банка покажуваат пораст за 11% на трансакците направени со картички, но сепак, бројките во споредба со земјите на Унијата се уште мали.
Слична како кај нас е состојбата во регионот.
Во Косово 85% од граѓаните плаќаат во кеш за он лајн нарачки, во Албанија 75, Србија 71%. Во најголем дел од Европа пак, воопшто не постои опција за плаќање во кеш за он лајн нарачка.
Платежни картички за купување преку интерет користат само 8% во Албанија, 21 во Косово, 23% во Босна. Од регионот, најдобра е состобата во Србија, каде 62% од граѓаните имаат платежни картички, а 47% ги користат за он лајн плаќање.