СБ: Македонија погодена од корупција и енергетска криза – „Највисока инфлација досега, да се заштитат најранливите“ 

Македонија е погодена од корупција и енергетска криза, а војната во Украина само придонесува за највисока инфлација досега. Ова го пишува Светска Банка за Македонија во својот редовен извештај за Западен Балкан.

„Регионот се соочува со нови неповолни шокови, речиси сите земји од Западен Балкан усвоија политики за да се ублажи влијанието од инфлацијата врз најранливите домаќинства. Но влијанието од енергетскиот шок е значителен, тој особено се гледа во три земји од регионот кои што увезуваат енергија: Србија, Северна Македонија и Косово“, вели Масимилијано Паолучи.

Со ограничен фискален простор, зголемен јавен долг и зголемени трошоци за финансирање, според Светска банка, фискалната поддршка треба да се насочи кон најранливите домаќинства и фирми. Во исто време, затегнувањето на монетарната политика треба да постигне рамнотежа помеѓу сузбивање на инфлацијата и избегнување на забавена економска активност.

Според извештајот, таквите реформи вклучуваат мерки за зголемување на нивото на пазарна конкуренција, отстранување на бариерите за влез на бизнисите, подобрување на задржувањето на реинвестирањето кај странските инвеститори, намалување на бариерите за учество на женската работна сила, подобрување на квалитетот на образованието и подигнување на стандардите за управување, вклучувајќи ја и дигитализацијата.

„Да немавме Војна која се надвиснува над нас, тоа ќе беше година без преседан и ќе кажевме дека гледаме нов изглед и нови перспективи на регионот. Закрепнувањето на пазарот на трудот исто така доведе до намалување на стапките на сиромаштија и очекуваме и сега кога војната се надвиснува над нас дека и годинава сиромаштијата ќе продолжи да опаѓа“, додава Сања Маџаревиќ.

Тековната криза, исто така, ја истакнува важноста од забрзана зелена транзиција во регионот, подалеку од е јаглеводороди кон почисто производство на електрична енергија, како и поеколошки модели на производство и потрошувачка, се вели во извештајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons