Анчелоти: А велеа дека англиските екипи се подобри од шпанските 

Шпанија ќе има најмалку два полуфиналисти во Лигата на шампионите откако синоќа Реал Мадрид и Виљареал обезбедија место меѓу четирите најдобри.

Реал Мадрид го елиминираше актуелниот шампион на Европа, тимот на Челси во еден луд меч кој траеше 120 минути.

„Овој клуб никогаш не се предава. Поради тоа добивме голема награда како што е полуфиналето“, вели Анчелоти.

„Нашиот прв гол беше голем удар за нив. Горди сме што обезбедивме полуфинале бидејќи сите велеа дека англискиот фудбал е супериорен во однос на шпанскиот“.

„На крајот, Шпанија има два тима во полуфиналето. Среќен сум за Виљареал у Унаи Емери, тоа е одличен тим со голем тренер. А кандидат за полуфиналето е и Атлетико Мадрид“.

„Асистенцијата на Модриќ? Тој беше исклучителен, особено со тоа додавање…“.

Вечерва Атлетико Мадрид го пречекува Манчестер Сити кој има предност од 1-0 по првиот натпревар. Ливерпул си ја заврши работата уште во Лисабон па никој не очекува сензација на Енфилд. Тоа значи дека во полуфиналето ќе биде составено од шпански и англиски клубови, само нејасно е дали соодносот ќе биде два со два или три со еден.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons