САД: Украина треба брзо да набави повеќе муниција, се очекуваат тешки борби 

Постои зголемена загриженост и потреба од побрзо набавување повеќе муниција, особено артилерија за украинските сили, бидејќи се очекува тешка копнена битка против руските сили во наредните денови, изјави американски претставник.

Соединетите Држави и доставуваат на Украина 18 влечени хаубици од 155 милиметри и 40.000 артилериски гранати како дел од новата безбедносна помош што ја најави администрацијата на Бајден оваа недела, која би можела да биде потрошена во рок од неколку дена бидејќи на украинските сили сега веројатно ќе им снема муниција, рече официјалниот претставник.

САД веруваат дека веројатната стратегија на Русија во иднина е да ги премести оружјето и војниците во источна Украина од нивните сегашни позиции на север, а потоа да ги опколи и отсече украинските сили стационирани таму.

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин и главниот американски генерал Марк Мили водат секојдневни телефонски разговори со колегите во регионот за да ги охрабрат да достават повеќе оружје и залихи во Украина што е можно поскоро.

Претходната недела, Пентагон беше домаќин на извршните директори на осумте најголеми воени изведувачи за да сфатат како побрзо да ја вооружат Украина. Дискусијата на тркалезната маса, предводена од заменик-министерката за одбрана Кетлин Хикс, се фокусираше на целите на Пентагон да продолжи да ја снабдува Украина со оружје, додека ја одржува подготвеноста на американските сили и ја поддржува сојузничката одбрана.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons