Руни му одговори на Роналдо: Го стигнуваат годините, тешко му е 

Кристијано Роналдо предизвика бурни реакции во фудбалскиот свет со интервјуто кај Пирс Морган, покрај критиките за Манчестер Јунајтед и Ерик Тен Хаг Португалецот не ги поштеди ниту поранешните соиграчи.

Вејн Руни и Гери Невил го критикуваа Роналдо во последниот период за неговото однесување, а Роналдо тоа не го прифати на најдобар начин.

„Гери Невил и Вејн Руни со тоа што ме критикуваат добиваат на популарност. Не знам можеби ми се љубоморни. Не сум другар со нив, со нив бев колега и тие се само дел од моето патување. За разлика од нив Рио Фердинанд и Рој Кин се секогаш на моја страна. Кин е најдобриот капитен кој некогаш сум го имал“, изјави Роналдо за поранешните соиграчи.

Сега стигна и одговорот од Руни.

„Кристијано е еден фантастичен играч. Со Меси веројатно се двајцата најдобри играчи кои ја играле оваа игра. Годините сепак не стигнуваат сите, па така и него, а на Кристијано му е тешко да се справи со тоа“, изјави Руни.

Очекува и реакција од Манчестер Јунајтед.

„Направи интервју и стана глобално. Некои од коментарите таму се навистина малку чудни, меѓутоа сигурен сум дека Манчестер Јунајтед ќе знае како да се справи кога ќе го погледне целосното интервју“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons