Роналдо откри дека имало голем интерес за него и додава: Јас сум уникатен фудбалер, затоа и договорот со Ал Наср е таков! 

Кристијано Роналдо се појави пред новинарите по трансферот во Ал Наср, вели дека е среќен со одлуката да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија и додава дека имал понуди од Бразил, САД и Австралија.

Кристијано Роналдо вечерва беше промовиран како нов играч на Ал Наср. Португалецот се појави пред медиумите и одговори на неколку прашања.

„Горд сум на чекорот кој го превзедов. Мојата работа во Европа е завршена. Играв во најголемите клубови ширум Европа и сакам да и се заблагодарам на Саудиска Арабија за шансата која ми ја укажаа, шансата за нов предизвик“ – рече Кристијано Роналдо.

Се шпекулира дека тој во Саудиска Арабија ќе заработува околу 200 милиони евра годишно и ќе биде најплатениот спортист во светот. 

„Јас сум уникатен фудбалер, затоа и договорот е таков“. 

„Моето семејство е среќно со одлуката која ја донесов, ја имам нивната поддршка“. 

Тој потоа откри дека имало голем интерес за неговите услуги. 

„Ова не е крајот на мојата кариера, не сум загрижен што мислат луѓето. Никој не знае, но имав можност да играм во Бразил, во Австралија, во САД, па дури и во Португалија, многу клубови се обидоа да ме ангажираат“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons