Романија и Бугарија станаа членки на Шенген зоната
Тринаесет години по пристапувањето во ЕУ, Бугарија и Романија сега се полноправни членки на Шенген зоната на слободно движење. Контролите на копнените граници на овие две земји беа укинати на полноќ на новогодишната ноќ, откако ЕУ донесе ваква одлука на 12 декември на состанокот на министрите за внатрешни работи на земјите членки на Унијата во Будимпешта.
Бугарија и Романија се членки на Европската унија од 2007 година и се пријавија за влез во Шенген зоната пред 13 години. На нивното влегување во Шенген зоната се противеа неколку земји, а најдолго Холандија и Австрија. Главниот аргумент беше дека преку тие две земји во Унијата пристигнуваат голем број илегални мигранти.
Шенген зоната, основана во 1985 година, сега вклучува 25 од 27-те земји-членки на ЕУ и придружните земји Швајцарија, Норвешка, Исланд и Лихтенштајн.
Сега ќе има засилен надзор на бугарско-турската граница, која станува надворешна граница на Шенген зоната.