Маск порача: Правете повеќе бебиња!

Најбогатиот човек на светот, Илон Маск, татко на десет деца, денеска им порача на луѓето „да прават повеќе бебиња“, но и да експлоатираат повеќе нафта и природен гас.

-Верувајте ми кризата со бебињата е голема работа – им рече 51-годишниот претприемач на новинарите во Ставангер, југозападна Норвешка, каде што треба да присуствува на енергетска конференција.

Запрашан за најголемите предизвици со кои се соочува светот, основачот на американскиот производител на електрични автомобили Тесла го спомена преминот кон обновливите извори на енергија, но веднаш продолжи со наталитетот.

-Важно е луѓето да имаат доволно бебиња за да ја одржат цивилизацијата – смета Маск.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons