„Референдуми“ во Украина: Војниците одат од врата до врата, се гласа усно 

Украинците пријавија дека вооружени војници одат од врата до врата во окупираните делови на земјата за да соберат гласови за самонаречените „референдуми“ за приклучување кон Русија.

„Треба да одговорите усно, а војникот го означува одговорот на листот и го чува“, изјави една жена од Енерходар за Би-би-си. Во јужниот дел на Херсон, руски гардисти стоеле со гласачка кутија среде градот за да ги соберат гласовите на луѓето. Гласањето од врата до врата е заради „безбедност“, велат руските државни медиуми. „Личното гласање ќе се одржи исклучиво на 27 септември“, објави Тасс.

„Останатите денови ќе се организира гласање во заедници и од врата до врата.” „Анексијата“ на покраините нема да биде меѓународно признаена, вели Би-би-си, но може да доведе до тоа Русија да тврди дека нејзината територија е нападната со западното оружје доставено до Украина, што би можело дополнително да ја ескалира војната.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons