Бројките даваат надеж, Шпанија го прогласи ковид за сезонско заболување и ги укина сите рестрикции 

По подолг период болниците растеретени од ковид пациенти. Во моментот хоспитализирано има вкупно 81 пациент од кои 25 се во Скопје а останатите во внатрешноста. Поради компликации од вирусот, најмногу или 17 се на лекување на Инфективна а 11 во струмичката болница. Само едно лице е на болничко лекување во Институтот за ТБЦ а ниту еден нема во болниците во Кавадарци, Тетово и Гостивар. Драстичното намалување на хоспитализациите е причина и за затворање на одделите во Лешок, Кочани, кардиологија и заводот за рехабилитација во Козле а претходно и интерните клиники се вратија на нормалната работа.

Една третина од болните се на кислородна поддршка а повеќе од 80 проценти се невакцинирани.

Намален е и бројот на прегледи и во цела држава изминатото деноноќие имало околу 110 прегледи и 11 приеми, за разлика, пак од пред еден месец кога само на Инфективна во еден ден имало толку болни во амбулантите.

1834 е бројот на активни случаи од кои над 1000 се во главниот град.

И покрај ваквата состојба во земјата се уште се на сила повеќе рестриктивни  мерки за населението. За разлика од кај нас, од денеска во Шпанија ковидот го третираат како обичен грип и нема повеќе задолжителни тестови и изолација. Единствено на сила е носењето маски во автобуси и авиони. Претходно во нормален живот се вратија и Данска, Шведска Холандија каде нема рестрикции поради вирусот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons