Маглата повторно одложи летови на скопскиот аеродром 

Густата магла утрово прави проблем во авиосообраќајот во земјава.

Според информациите објавени на веб страната на скопскиот аеродром, повторно има доцнење и одложување на летови. Слична беше ситуацијата и вчера кога повеќе летови доцнеа во своите полетувања и слетувања а имаше и такви кои беа откажани.

Маглата се дигна во попладневните часови по што авио сообраќајот продолжи да се одвива со нормална динамика. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons