РЕК Битола урива рекорди по вредноста на тендерите за ископ

РЕК Битола урива рекорди по вредноста на тендерите за ископ. Овој пат станува збор за највредниот тендер за ископ на јаловина (не и јаглен) со рекордна вредност во последните 15 години (за кои има официјални податоци). Овој тендер воедно е и највредната јавна набавка што ја распишал ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ) во последните 10 години!

Битолската градежна фирма „Марковски компани“ го доби најголемиот тендер што го распиша РЕК Битола (најголемата подружница на државниот производител на струја) во последниве 10 години. Станува збор за договор со кој РЕК Битола бара компанија која ќе има капацитет за да ископа до 4 милиони кубни метри јаловина од јагленовите рудници на најголемиот производител на струја во Македонија.

Јаловината, наједноставно кажано, е слојот земја со кој се покриен односно сокриен јагленот во утробата на земјата. Тоа е бескорисно количество земја кое мора да се ископа, транспортира и одложи за да може да се дојде до јагленот што е неопходен за горење во трите блока на РЕК Битола. Во овој случај односно со овој тендер геолозите на ЕСМ од РЕК Битола утврдиле дека за да се дојде до неопходниот јаглен е потребно да се ископаат до 4 милиони кубици (m3) бескорисна покривка (земја).

faktor.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons