Актуелно

Регистрирани 20 пожари на отворено – 18 се изгаснати, еден е активен, а еден е под контрола

Вкупно 20 пожари на отворен простор се регистрирани изминатото деноноќие до 07:30 часот изутринава, од кои еден е активен, еден е под контрола, а 18 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.

Активен пожар има во општина Македонски Брод во село Грешница, м.в. Стојанова Населба, каде годи ниска вегетација, деградирана шума и грмушки.

Под контрола е ставен пожарот во општина Делчево, кај депонијата Делчево.

ЦУК информира дека се изгаснати 18 пожари: Општина Карпош: ул. Скупи бб (ѓубре и бандера); Општина Петровец: с. Огњанци (ѓубре); Општина Бутел: с. Визбегово (ѓубре); Општина Битола: с. Логоварди (слама во двор); Општина Битола: м.в. Ергела (ниска вегетација); Општина Богданци: помеѓу с. Стојаково и с. Селемли (дива депонија); Општина Прилеп: ул. Дебарца, м.в. Теќе (дива депонија); Општина Долнени: с. Житоше (ниска вегетација); Општина Кавадарци: с. Дреново (ниска вегетација); Општина Неготино: кај Градски гробишта (ниска вегетација); Општините Виница и Зрновци: помеѓу с. Зрновци и с. Лески (стрниште); Општина Липково: помеѓу с. Слупчане и с. Ваксинце (ниска вегетација); Општина Кратово: с. Талашманце (ниска вегетација, грмушки и неколку багреми); Општина Ранковце: с. Герман (ниска вегетација); Општина Желино: с. Горна Лешница (ниска вегетација и ѓубриште); Општина Теарце: с. Теарце (ниска вегетација, грмушки, меѓи и стрништа); Општина Гостивар: во близина на Ѓоновички мост (ниска вегетација и ѓубриште); Општина Гостивар: с. Падалиште (шума). 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons