Спорт

Ракометен спектакл: Актуелните репрезентативци ги победија ветераните 

Вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ се одржа ракометен спектакл, дуел меѓу актуелната репрезентација на Македонија и тимот на македонските ракометни ветерани, помладите го добија мечот со 25-21. 

Трибините во салата беа полни, македонските навивачи им дадоа поддршка на ракометарите кои за неколку дена ќе го играат Светското првенство, а ги поздравија играчите кои дадоа голем допринос за Македонија во црвено-жолтиот дрес. Пред почетокот на натпреварот ветераните добија овации од публиката, на сите им беше доделен дрес во рамка со своето презиме. Мечот се играше двапати по 20 минути, дуелот изобилуваше со атракции, убаво погодоци, а најубавиот го даде Ванчо Димовски кој на крајот беше прогласен и за најдобар играч на натпреварот. На полувремето беше нерешено 12-12, но во вториот дел младите ги фатија на кондиција постарите и на крајот дојдоа до триумф од 25-21. Мечот имаше хуманитарен карактер, целата заработка од продадените влезници ќе биде донирана за СОС Детското село.

Составите на репрезентациите: Македонија ветерани: Борко Ристовски, Петар Ангелов, Златко Даскалоски, Стевче Алушовски, Владо Недановски, Гоце Макалоски, Златко Мојсоски, Александар Јовиќ, Раде Стојановиќ, Филип Лазаров, Мите Стоилов, Велко Маркоски, Ацо Јоноски, Филип Миркуловски, Наумче Мојсовски, Бранко Ангеловски, Кире Лазаров, Влатко Митков, Стојанче Стоилов, Ванчо Димовски и Горан Ѓоргоновски

Македонија актуелен состав: Никола Митревски, Мартин Томовски, Марко Кизиќ, Дејан Манасков, Цветан Кузманоски, Петар Атанасијевиќ, Гоце Георгиевски, Ненад Костески, Филип Талески, Михајло Младеновиќ, Павле Атанасијевиќ, Иван Џонов, Филип Кузмановски, Игор Ѓорѓиев, Томислав Јагуриновски, Мартин Серафимов, Давид Савревски, Костадин Петров, Жарко Пешевски, Марко Стојковиќ и Никола Маркоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons