Кфор ги отстранува возилата на северот на Косово 

Мисијата на Кфор соопшти дека спроведува инженерски операции на северот на Косово за да отстрани некои возила блокирани на патиштата.

Кфор објави на Твитер дека целта на операцијата е да се врати слободата на движење.

„Мисијата на Кфор спроведува инженерски операции на северот на Косово, за да отстрани некои возила блокирани на патиштата и да ја врати слободата движење во согласност со својот мандат од ОН“, се наведува. Не е прецизирано каде се наоѓаат возилата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons