МакедонијаНајново

Разоткриена иранска прокси мрежа инволвирана во планирање на терористички напад

Агенцијата за национална безбедност (АНБ) соопшти дека открила мрежа на лица од Македонија кои, според нејзините сознанија, учествувале во подготовка на атентат врз лице во Грција. Од Агенцијата велат дека лицата биле дел од криминални структури во земјава и дејствувале по насоки на иранскиот државјанин Едрис Џахангири Маване.

Како што соопшти АНБ, Маване бил главниот организатор на планираниот напад. Агенцијата го поврзува со лица што дејствуваат во интерес на иранските разузнавачки служби, меѓу кои го посочува и Наџи Шарифи Зиндашти.

Активностите за откривање на мрежата почнале на почетокот на 2026 година, во соработка со грчката национална разузнавачка агенција и други странски партнерски служби. Во земјава, АНБ постапувала во координација со Бирото за јавна безбедност при МВР.

Во соопштението не се наведува кој бил цел на планираниот напад, ниту дали има приведени или дали е поведена кривична постапка. АНБ најави дека ќе продолжи да работи на откривање други лица поврзани со вакви мрежи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons