МакедонијаНајново

Пукање пред Ургентиот центар на Клиничката болница во Тетово, ранети две лица 

Две лица се ранети после тепачка и употреба на огнено оружје пред Ургентиот центар на Клиничката болница во Тетово вечерва околу 18.05 часот.

Денеска околу 18 часот и 5 минути во СВР Тетово пријавено е дека пред влезот на Ургентен центар во тетовската Клиничка болница било пукано во две лица од тетовското село Гајре, кои се здобиле со прострелни рани. Служби на СВР Тетово и јавен обвинител се на лице место и се преземаат мерки за пронаоѓање на пет лица, кои се сомничат во врска со случајот.

Инаку, на овој случај денеска, исто така, му претходела физичка пресметка помеѓу еден од ранетите и еден од осомничените за учество во пукањето. Се работи на расчистување на случајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons