СОЧНО ПРИЗНАНИЕ НА РУСКОВСКА: Истите што ми нудеа да бидам заменик обвинител за да се прекине истрага, се оние што ми вршеа притисок 

Истите личности кои ми нудеа да бидам заменик-државен обвинител за да се прекине истрага за предмет, се оние кои се обидуваа да ми вршат притисок додека го водев Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција – вели во интервју за А1.он обвинителката Вилма Русковска.

Таа не открива кој ѝ дал таква понуда, но рече дека тоа го кажала пред членовите на Судски совет, кој расправаше за нејзината суспензија и разрешување.

Според неа, предметите кои пресудиле да биде суспендирана, се оние кои ги отворила против функционери од актуелната власт. Русковска очекува дека Советот на јавни обвинители ќе ја разреши од обвинителската функција.

Обвинителката повтори и дека нема никаква поврзаност помеѓу Работната група која подготвуваше нов Кривичен законик и измените кои Собранието ги донесе по итна постапка и со европско знаменце.

– Злоупотребата воопшто не е во надлежност на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција бидејќи ние бевме надлежни само за став 5. Фактички, треба и од името да се избрише Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, бидејќи веќе немаме можност да се бориме со корупцијата. Обвинителството ќе се сведе на предмети за дрога, мигранти, знаеме колку годишно имаме предмети за перење пари и други приноси од казниво дело. Се одземаат ингеренциите на ова Обвинителство – вели Русковска за А1он.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons