МакедонијаНајново

Професор натепал ученичка во средно училиште во Кичево

Професор во средно училиште во Кичево за време на наставата нападнал ученичка, која завршила во болница со повреди, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Против 68-годишниот професор поднесена е кривична пријава за насилство врз дете.

„ОВР Кичево поднесе кривична пријава против З.С.(68) од кичевското село Другово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘Насилство врз дете’. Тој, при извршување работни задачи како професор во едно средно училиште во Кичево, во училница физички нападнал малолетничка-ученичка во истото школо која се здобила со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Кичево“ информираат од МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons