„Протест против организираните убиства на Онкологија“- се шири повик за протест најавен за утревечер 

На социјалните мрежи од денес напладне се шири повик за протест поради случувањата на Клиниката за онкологија по објавите на неделникот „Фокус“ дека на пациентите им биле давани физиолошки раствори, а скапите лекови против канцерогинете заболувања завршувале на црниот пазар. Насловен е како „Протест против организираните убиства на Онкологија“ преку кој одговорност ќе се бара од владините функционери, подеднакво како и од работните во најнискиот ешалон на Клиниката.

„Утре (понеделник) со почеток од 18 часот, ве повикуваме на протест пред Владата, каде заедно ќе го искажеме гневот и револтот против криминалот кој со години се толерирал на Клиниката за Онкологија. Протестот од Влада ќе продолжи пред Министерството за здравство каде ќе повикаме на оставка и одговорност од сите министри за здравство! Бруталноста на власта секој ден носи нови жртви, а овој пат жртви се пациентите на Клиниката за онкологија кои со месеци во живото-загрозувачка состојба чекаа лекови, додека лековите завршуваа на црниот пазар во Косово. Се работи за организиран криминал каде се инволвирани највисоки функционери на власта и истиот трае со години.

Скандалот со кражбата на лекови на Онкологија не смее да помине неказнето и повторно само кабелот да биде виновен!“, стои во објавениот повик на социјалните мрежи.

Организаторите на протестот, кои не се посочени во објавата, велат дека нема да прифатат одговорност само од најнискиот ешалон на Клиниката туку дека ќе бараат кривична одговорност за владините функционери.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons