Доколку ВМРО-ДПМНЕ влезе во преодна Влада нема да има премиер Албанец на 100 дена пред изборите

Понудивме решение и очекуваме одговор од СДСМ, порача лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, повторувајќи ги двата услови што му ги дал во средата на лидерската средба на премиерот Димитар Ковачевски, за опозицискиот блок предводен од неговата партија да гласа за уставните измени. Мицкоски потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвен да влезе во како што ја нарече, преодна Влада со СДСМ и со останатите политички партии, но без учество во истата Влада на ДУИ и уставните измени да бидат со одложен ефект, односно да не бидат дел од новиот Устав се додека Македонија не стане членка од ЕУ. На тој начин, вели Мицкоски, го заштитуваме македонскиот идентитет. Тој рече дека не разговарале во детали за тоа кои министерства ќе ги преземе ВМРО-ДПМНЕ во преодната влада. Мицкоски повтори дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на Уставот под бугарски диктат и дека ја прифаќаат понудата ВМРО-ДПМНЕ да учествува во идната влада до избори, но под одредени услови. Прв услов е конечно Македонија да ја ослободат од ДУИ.

– Преодна влада до избори прифаќаме, но имаме услови. Ако прифатиме 100:0, тоа е диктат. Ова е преодна влада која ќе биде со важност до изборите потоа граѓаните ќе си одлучат. На тој начин ќе спречиме евентуална злоупотреба на изборите и тоа ќе даде кредибилитет на изборите. Идниот премиер нема да биде премиер според договорот на СДС и ДУИ, туку тој што го избрале граѓаните. Важно е да се напомене дека од лидерската средба вчера можеме да констатираме дека во овој момент владата го нема потребното мнозинство во Парламентот за уставните измени што ги прифати пред една година без да биде консултирана опозицијата, односно ВМРО-ДПМНЕ. Кога се нудеше ВМРО-ДПМНЕ тие го одбија, кога предупредуваше тие го игнорираа. Тие креираа проблем, сега проблемот е на маса. Втора работа е дека и покрај тоа што испраќаа лажни вести континуирано дека преговараат, се сеќавате дека сликата во авиончето беше пред пет години, вчера стана јасно дека преговори нема, изјави вчера претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по увидот во градежни активности на улици во општина Кочани, во рамки на активноста „Ова е Македонија за сите“.

Мицкоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ како одговорна политичка партија секогаш е подготвена да разговара кога станува збор за Македонија и го поздрави тоа што Бујар Османи во име на ДУИ прифати неговата партија да оди во опозиција.

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, притисокот во јавноста, рејтинзите на партиите и фрустрациите кај граѓаните си го направиле своето и сето тоа се рефлектирало за власта конечно да попушти.

Запрашан дали влегувањето во Влада значи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги амнестира функционерите кои правеле криминал, Мицкоски рече дека и да станува збор за негова родена сестра, кај него нема да има амнестија или амнезија за случаи каде што има криминал и секој, кој и да е, ќе одговара. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons