Приведени 7 криумчари од Пакистан кои присилно пренесувале 77 мигранти 

МВР соопшти дека во текот на ноќта се приведени седум криумчари од Пакистан кои под присила пренесувале 77 мигранти од неколку држави.

МВР соопшти дека ноќеска, во периодот од 20 до 2.30 часот полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ, СВР Струмица и од НЕКМТСЛ, во координација со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал лишиле од слобода 7 мигранти од Пакистан, поради постоење основи на сомнение дека се сторители на кривично дело криумчарење на мигранти, согласно член 418-б од Кривичниот законик.

Вчера, околу 17 часот, наведува МВР, било пријавено дека на 1,5 км јужно од Негорци, во близина на Серменинска Река, се наоѓа поголема група мигранти од Сирија, која е во движење, предводена под присила од страна на неколку мигранти од Пакистан.

„Од страна на регионалниот центар и струмичката полиција биле испратени полициски службеници на посочената локација, во содејство со припадници на Одделот за специјални полициски операции. По детално пребарување на теренот, откриени се вкупно 77 мигранти (Сирија–52, Пакистан-13, Турција-5, Ирак-5 и Индија-2), а меѓу нив и седумте мигранти од Пакистан, кои биле посочени како водичи на групата.

За случајот е известен Јавен обвинител од ОЈОГОК – Скопје, а денеска (27.10.2023) против седумте мигранти од Пакистан е поднесена кривична пријава“, велат од МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons