Намалување на цените на горивата – еве колку ќе чинат 

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се вршинамалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,48% во однос на одлуката од 24.10.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,508%, кај дизелот за 2,946%, кај екстра лесното масло за 2,379% и кај мазутот намалувањето е за 1,858%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,367%

Од 28.10.2023 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин       ЕУРОСУПЕР БС – 95                   81,50 (денари/литар)

Моторен бензин       ЕУРОСУПЕР БС – 98                  84,00 (денари/литар)

Дизел гориво            ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)             82,00 (денари/литар)

Масло за горење      Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)               82,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                             47,174 (денари/килограм)

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит. 

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98,  на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 28.10.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons