ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА КЛУБОТ „ИВАН МИХАЈЛОВ“ ЌЕ ОДГОВАРА ЗА РАСИЗАМ И КСЕНОФОБИЈА Против Љупчо Георгиевски е подигнато обвинение

Бугарскиот клуб „Иван Михаилов“ е формиран пред три години, но по неговото официјално отворање во април годинава, беше организиран институционален и медиумски напад врз управата и поддржувачите на клубот, пишува агенцијата БГНЕС.

Обвинение за расизам и ксенофобични дејствија и официјално е поднесено против претседателот на бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ од Битола, Љупчо Георгиевски, објави БГНЕС.

На 16 декември Георгиевски мора да се појави како обвинет во овој случај, во Обвинителството во Битола. Во спротивно, тој ќе биде присилно донесен, пишува во поканата, која била испратена во почетокот на декември.

Бугарскиот клуб „Иван Михаилов“ е формиран пред три години, но по неговото официјално отворање во април годинава, беше организиран институционален и медиумски напад врз управата и поддржувачите на клубот. Само десет дена по отворањето, влезната врата беше запалена, а насилникот Ламбе Алабаковски е пуштен на слобода, велат медиумите во Бугарија.

Пред две недели имаше пукање од огнено оружје врз бугарскиот клуб во Охрид, „Цар Борис Трети“. Пред тоа, неколку пати беа фрлани камења кон клубот. „Досега нема апсења или официјално оградување од официјалните власти од овие терористички акти врз бугарските клубови“, пишува БГНЕС.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons