Преполна сала на 31 роденден на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп

Христијан Мицкоски: Ако ВМРО-ДПМНЕ е историскиот сопатник на Македонија, Унијата на млади сили е енергијата која го движи ВМРО-ДПМНЕ. И таа енергија е неуморната сила која носи промени, расадникот од кој доаѓаат идеите, од кој следат генерациите кои создаваат движење и прогрес.

И точно го знам чувството со кое се соочува секој еден член на Унијата, таа волја за докажување, но и честа да се работи и создава за сопствената Македонија, да се брани сопствениот став, да се исполнува чекор по чекор сопствениот сон. И затоа барам од вас да се борите за работите во кои цврсто верувате, да имате почит, но и да стоите на вашите ставови, затоа што тие ставови се сликата за вас, вашите ставови се дефиницијата по која ќе ве распознаваат од останатите.

Бранете ги секогаш, покажувајте карактер, затоа што вие сте личности на силни индивидуи кои секогаш ќе ја имате мојата поддршка.

Затоа, од срце ви кажувам, УМС, СРЕЌЕН РОДЕНДЕН!

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons