ПРЕМИЕРКАТА НА ФИНСКА ВО ПОСЕБНО ИЗДАНИЕ, ЛУДО СЕ „ЖУРКА“ : Во друштво е на млад пратеник, финските економисти со жестоки критики

Премиерката на Финска, Сана Марин повторно го свртува вниманието на светот кон својот начин на живот, откако на социјалните мрежи беше објавено видео на кое се забавува и се дружи со нејзините пријатели, кое предизвика различни коментари. Финските медиуми пренесуваат дека Марин на видеото била во друштво на неколку јавни личности. Таа беше придружувана од уметничката Алма и нејзината сестра Ана, инфлуенсерката Јанита Аутио, водителката Тини Викстром, радио водителката Каролина Туоминен, стилистката Веса Силвер и пратеникот Илмаријр Нурминен.

Финскиот спортски водител Алекси Валавуори жестоко го критикуваше нејзиното однесување, а на видеото кое го објави на Твитер се гледа како Сана Марин клечи на подот додека лудо танцува.

„Ова е премиерката на Финска, Сана Марин. Некои велат дека е кул… Можеби за тинејџерите. Но да се биде одговорен лидер на земја среде криза? Таа е најнеспособната премиерка што некогаш сме ја имале. Таа не знае ништо. Ве молам земете си ја кожата јакна и поднесете оставка. Ви благодарим“, напиша тој на Твитер.

Фински економист, исто така, ја критикуваше премиерка дека се забавува додека земјата се подготвува за ограничувања среде енергетската криза.

Премиерката го привлече вниманието на себе бидејќи сака да посетува бројни фестивали, минатиот месец дојде на фестивалот Руисрок во Турку, Финска, облечена во кожна јакна и кратки тексас шорцеви. Таа беше во центарот на вниманието и минатата зима кога беше откриено дека се забавувала среде пандемијата на ковид, кога важеа препораките да се остане дома. По силната реакција на јавноста, таа им се извини на граѓаните. Исто така, јавноста беше изненадена од фотографијата на која таа има длабоко деколте.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons