Девојчиња од струмичко се изгубиле во Скопје, последно се видени кај „Веро Џамбо“

Две девојчиња, на возраст од 12 и 14 години, попладнево исчезнале во центарот на Скопје, а родителите објавија фотографија со молба да се јават сите кои би можеле да ги забележат или знаат каде отишле. 

Според информациите, исклучени се двата мобилни телефона на девојчињата од струмичко. Тие се дојдени во Скопје на екскурзија и, како и другите деца, требало да прошетаат и да дојдат во договорено време каде што биле паркирани автобусите, за да тргнат кон дома. Но, и по подолго чекање, тие не се вратиле, а наставниците ја известиле полицијата. 

На надзорните камери во трговскиот центар „Веро Џамбо“ се гледа дека околу 15 часот и 50 минути девојчињата се упатиле кон строгиот центар на градот, односно кон кејот на Вардар и плоштадот „Македонија“.

Полицијата потврди дека е пријавено исчезнувањето на двете девојчиња. Од МВР велат дека преземаат мерки тие да се пронајдат.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons