Пратеник ги бара моштите на Цар Самоил за да Бугарија го тргне ветото 

Пратеникот од владејачката бугарска партија „Продолжуваме со промените“ Венко Сабрутев ги бара моштите на Цар Самоил за да Бугарија го тргне ветото за Македонија. 

Тој од Македонија бара гаранции и гестови, за да дозволат земјава да почне преговори со Европската Унија(ЕУ).  Вели актуелни теми за бугарскиот народ се инфлацијата, цената на горивата и гасната криза, а не Македонија. Пратеникот смета за прашањето за Северна Македонија треба да се бара национален консензус. „Нашиот западен сосед мора да ги исполни своите обврски и да направи гестови кон Бугарија за да му потврди на бугарскиот народ дека ќе ја промени својата политика“, нагласил Сабрутев.

Бугарија не смее да си дозволи да ѝ се врши притисок, проблемите се во Северна Македонија, вели бугарскиот историчар Ангел Димитров. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons