По 15 години брак: Сопругата на Никола Груевски поднела барање за развод

Боркица Груевска, сопругата на поранешниот премиер Никола Груевски, поднела барање за развод пред Основниот граѓански суд во Скопје, објави „Фокус“.

Судскиот оглас е објавен јавно во вчерашниот број на Службен весник.

„Пред Основниот граѓански суд во Скопје е поднесена тужбата од тужителката Боркица Груевска од Скопје, против тужениот Никола Груевски од Скопје, со непозната адреса, за развод на брак, со вредност на спорот 20 000 денари“, се вели во огласот.

Привремен застапник на Груевски Габриела Јакшевски, адвокат од Скопје.

Никола и Боркица Груевски стапија во брак во мај 2007 година и имаат две ќерки, Софија и Анастасија. Претходно, поранешниот премиер беше во брак со докторката Сузана Арбутина.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons