По тестирањето во „Орце Николов“ се размислува за приемни во сите средни 

МОН размислува за задолжителен приемен во сите средни училишта по лошите резултати од тестот во гимназијата „Орце Николов“. Министерот е задоволен што тестот не бил пробиен и ова се реалните оценки, иако се сложува дека учениците имале кратко време за подготовка. Најави теренска проверка и анализа за да се открие вистинската причина и да се најде решение.

Новата концепција очекува да даде резултати за 5 години кога ќе заврши првата генерација основно училиште која се образува според новите реформи.

Учениците кои не го поминале тестот во вториот уписен рок ќе бараат место во друга гимназија. Сепак, според министерот позитивно е што од вкупниот број полуматуранти повеќе од 60 проценти се запишале во стручно училиште што значи дека програмата учи паметно работи стручно дава резултати. Од оваа генерација одлични биле 48 проценти од полуматурантите а во „Орце Николов“ само 3.26 отсто од учениците поминале со 5ка на приемниот тест.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons