По само девет дена откако си замина, Седлоски се врати на кормилото на Шкупи 

Гоце Седлоски повторно е тренер на Шкупи, пред девет дена тој се раздели со чаирскиот тим, но двете страни брзо се предомислија и воспоставија нова соработка. 

По ремито со Победа на Чаир, Седлоски замина од тренерската позиција во Шкупи, на оваа одлука претходеше и неуспешниот настап во Европа. Но откако тој замина, Шкупи беше уште полош, на два меча, двајца различни стратези добија шанса, прво Ѓокхан Бозјака, па Тони Мегленски, двапати беа поразени.

 Па раководството на Шкупи одлучи дека е подобро да му даде нова шанса отколку да носи некое нови тренерско име. Разликата е што сега Седлоски ќе има други помошници, главен помошник ќе му биде Арбен Нухиу. Покрај оваа има уште една промена во Шкупи, на претседателската функција се враќа Суат Алија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons