По која цена утрово се тргуваше барел нафта? 

Барел нафта утрово се продава за 105 долари. 

Вредноста на барел нафта на лондонскиот пазар утринава се тргуваше за 105 долари, што е намалување од  1 отсто во однос на вчерашниот ден. На американскиот пазар цената на барелот е 99 долари. Војната во Украина доведе до нагли промени на цените на нафтата. 

Русија годинава добро ќе профитира од продажбата на нафтата. Како што анализира Блумберг, Русија би можела да заработи скоро 321 милијарда долари од извозот на енергенси годинава. 

Ирак на пример профитираше од енергетската криза во светот. 

Оваа земја од извоз на нафта во март заработила најмногу во последните 5 децении. Имале извоз од 100.563.999 барели нафта во вредност од 11.07 милијарди долари, што е најголем приход од 1972 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons