МакедонијаНајново

По децениски застој се гради Универзална сала 

По повеќе од една деценија застој, Скопје конечно ќе ја добие Универзална сала во сјајот што го заслужува, ќе стане симбол на културата на нашиот град. Вчера беше завршена постапката за избор на изведувач, донесена е одлука за избор на најповолен понудувач по јавната набавка за реконструкција на објектот по принцип „клуч на рака“. По завршување на законските рокови и потпишување на договорот, ќе почнат градежните активности, најави денеска на својот фејсбук-профил Зоран Љутков, министерот за култура.

„Особено сум горд што за само една година успеавме да откочиме процес долг една деценија. Преземени се сите потребни мерки: нова проектна документација, измени на постојниот проект и обезбедување на предуслови за успешна реализација.Универзалната сала е симбол на Скопје, со над 5.000 настани и над 5.800.000 посетители досега.

Сега повторно ќе стане центар за културни настани и собирање на граѓаните, а ќе биде и дел од ‘Скопје – eвропска престолнина на културата 2028’.Рокот за реализација е предвиден до декември 2027 година. Благодарност до сите кои беа дел од процесот.Универзална сала повторно подготвена да го одбележи културниот ритам на Скопје“, напиша Љутков.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons