Лекарите ќе штрајкуваат, 10.000 вработени во здравството немаат плата

Дојдоа да побараат објаснување зошто немаат земено плати. Претставници на независниот лекарски синдикат поставија плакати на вратите на Фондот за здравствено осигурување бидејќи законскиот рок за исплата на платите помина. Сајбер-нападот во Фондот ги парализираше не само платите за 10.000 вработени во јавното здравство, туку и помошта за пациентите кои треба да добијат ортопедски помагала и друга поддршка која претходно треба да биде верификувана од системот на фондот. Но, обезбедувањето не дозволи ниту лекарите, ниту новинарите да влезат во јавната институција за да добијат информации. Вратите беа затворени. Едниот раководител бил на одмор, другата гледаше од прозорецот и не кажуваше зошто нема плати.

Страдаат и пациентите. Покрај кражбата на лични податоци од хакери, тие ќе останат и без здравствени услуги. Лекарите најавија генерален штрајк.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека сите институции треба да ги зајакнат заштитните системи според препораките кои во овој случај не се испочитувани од Фондот за здравство. Тој нагласи дека секторот за компјутерски криминал се обидува да ги открие сторителите на нападот, но на институциите им е потребна самопревенција.

Од Фондот за здравство велат дека на нивните и на ИТ експертите од министерството им се придружиле и германски сајбер експерти. Хакерскиот напад дошол од странство. Од Фондот сепка тврдат дека платите ќе бидат исплатени до понеделник, а откако боледувањето, породилното, дневниците и надоместок за ортопедски помагала ќе се исплаќаат дури откако системот целосно ќе проработи.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons