Почнува продажбата на карти за спектаклот Македонија – Италија

  • Во среда на 30-ти август почнува продажбата на карти за мечот Италија – Македонија во рамки од септемвриското квалификациско коло за Евро 2024.
  • Мечот се игра на 9-ти септември од 20:45 во Скопје. Влезниците ќе чинат од 300 до 500 денари а ќе се продаваат во неколку градови ширум земјава, соопшти ФФМ преку својата Фејсбук страница која после речиси шест месеци хакираност одново ја оспособија.
  • По дебаклите од Украина 2-3 после водство 2-0 и 7-0 од Англија на „Олд Трафорд“, македонската репрезентација во не баш идеално расположение го чека актуелниот европски шампион Италија.
  • Аѕурите во Скопје доаѓаат со новиот селектор Лучано Спалети откако Роберто Манчини замина за богат договор да ја води Саудиска Арабија. Македонија и натаму ја води Благоја Милевски кој се наоѓа пред отказ.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons