ПОЧИНА 23 ГОДИШНАТА ТЕОДОРА – ТЕШКО ПОВРЕДЕНА ВО СООБРАЌАЈКА, несреќата се случи на 15 август
Во Клиничкиот центар во Скопје почина 23 годишната Теодора Р., од тетовско Сараќино која беше тешко повредена како пешак на 15 август околу 22 часот во Тетово.
Таа беше тешко повредена кога во неа удри возило управувано од 49 годишен жител на Голема Речица, а поради сериозноста на повредите беше однесена во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Несреќата се случи на 15 август на булеварот „Видое Смилевски-Бато“.