Етнички неопределените ќе се избришат од балансерот

Етнички неопределените ќе се избришат од балансерот и ќе завршат во фуснота. 

Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити за „Слободен печат“ најави дека се разгледува можноста од блансерот да бидат избришани седумте отсто етнички неопределени граѓани и тие да бидат ставени во фуснота. Сепак, според Алити, тоа ќе биде само визуелна промена, бидејќи сепак неопределените при вработување ќе треба да бидат пропорционално распределени. Ставот на министерот доаѓа откако Владата застана зад Алити дека во балансерот ќе се бројат и нерезидентните граѓани, но укажа дека треба од него да се извадат оние кои не изразиле етничка припадност, односно седум проценти од граѓаните.

Фото: МИА

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons