ИНФЛАЦИЈАТА ВО ОКТОМВРИ ПОГОЛЕМА ЗА ТРИ ОТСТО ВО СПОРЕДБА СО МИНАТАТА ГОДИНА, но помала од септември 

Инфлацијата во октомври достигнала 3,5 отсто во споредба со истиот месец минатата година, објави Државниот завод за статистика. 

Како што посочуваат, индексот на трошоците на животот во октомври 2023 година, во однос на октомври 2022 година, бележи зголемување од 3,5 проценти, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3,4 отсто.

Статистика пресметала дека на месечно ниво има намалување на инфлацијата.

Според Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во октомври 2023 година, во споредба со претходниот месец, изнесува 98,5, а индексот на цените на мало изнесува 99,4.

– Намалување на индексите на трошоците на животот во октомври 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај млекото за 10,1 отсто, јајцата за 9 проценти, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 8,6 отсто, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 6,4 проценти, свежото и разладеното овошје за 5,2 отсто, пивото за 4,3 проценти, сирењето и урдата за 4,1 отсто, месото за 3,4 проценти, лебот и житата за 3,3 отсто и маслото и маснотиите за 0,9 проценти – се наведува во нивниот извештај.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons