Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје 

Скопскиот сектор за внатрешни работи, односно Единицата за безбедност на патниот сообраќај, денеска во Скопје ќе преземе мерки за посебен сообраќаен режим поради меѓународниот фудбалски натпревар меѓу македонската и италијанската репрезентација, информира МВР.

Од тие причини, сообраќајот по сообраќајниците околу националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе се одвива со посебен режим.

МВР апелира до сите граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons