Порака на денот: Нема да им се допаѓате на сите и тоа е во ред 

Ако се потсетите на некој мал детаљ од детството, веројатно тоа ќе бидат добрите спомени од играта со вашите пријатели.

Дали и тогаш по секоја цена се трудевте да им се допаднете на сите околу вас? Веројатно не, само си бевте свои.

Работите се менуваат во нашите животи, а наместо да бидеме помудри, некогаш стануваме нерационални и дозволуваме нашите несигурности да влијаат на тоа како ќе се поставиме кон другите. Но, секогаш треба да запаметиме дека што и да направиме, на некои луѓе нема да им се допаднеме и тоа никогаш нема да го смениме. Некогаш, едноставно не е до нас.

Што можеме да си кажеме себеси кога некому не му се допаѓате и не ве сака?

Никому не должам пристап во својот живот.

Нема никаква потреба да се бранам или пак објаснувам.

Не морам да ја трпам негативноста на другите луѓе.

На некои луѓе едноставно не им одговара мојата енергија или мене нивната и тоа е во ред.

Мојата работа не е да натерам некого да ме засака, туку да бидам свој/а

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons