Помалку ученици, но поголем интерес за стручните средни училишта
Се помал бројот на ученици се запишуваат во основно и средно образование.
Се намалува интересот кај младите за изучување на гимназиското и општо образование тие се повеќе се одлучуваат за стручно. Во Охрид загрижува малиот број на запишани во некогаш најрепрезентативната гимназија „Свети Климент Охридски“. Новата учебна година започнува со седум нови паралелки со по 13 ученици. Во трите општински средни училишта оваа година се запишале 450 ученици додека лани бројот бил 460.
Ваквата состојба се должи на намалениот број новороденчиња, иселувањето но и атрактивноста на техничките струки нешто што пазарот го бара.
Добрите познавачи велат дека од друга страна радува фактот што младите повеќе не се интересираат за работа во јавна администрација туку перспективите ги бараат во приватниот сектор нешто што го движи општеството напред.