Полскиот премиер: Путин е поопасен од Хитлер и Сталин

„Владимир Путин е поопасен од Адолф Хитлер или Јосиф Сталин”, предупреди полскиот премиер, повикувајќи на искоренување на „монструозната идеологија” на рускиот лидер.

Матеуш Моравјецки изјави за Телеграф дека арсеналот на оружје на Путин е „поубиствен“ од оној на Хитлер и Сталин.

„Монструозната идеологија на режимот на Путин претставува смртоносна закана за Европа и мора целосно да се искорени“, рече Моравјецки.

Изјавите доаѓаат откако Аврил Хејнс, директорката на Националната разузнавачка служба на САД, изјави пред сенатската комисија дека Путин може целосно да ја мобилизира својата земја или да воведе вонредна состојба доколку почувствува дека воената ситуација се врти против него.

Шефицата на разузнавачката служба рече дека постојат индикации дека Путин сака да создаде копнен мост меѓу Москва и прорускиот отцепен регион Придњестровје во Молдавија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons