Полицајци на секое ќоше во Скопје, се превенираат кражби, тепачки и инциденти пред празниците 

Зајакнати полициски патроли во центарот на Скопје за превенција од кражби и тепачки за празниците. Засилено полициско присуство е видливо деновиве на најфреквентните делови во Скопје.

Полициски патроли и возила, има кај кафаните во Дебар маало, на плоштадот Македонија, околу трговските центри, но и во нив.

Од полицијата велат дека овие патроли се распоредени превентивно во пресрет на празниците, кога сите одат во шопинг, но и се одржуваат предновогодишните прослави, за да се спречат кражби, тепачки или други инциденти. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons