ПОЛИЦАЈЦИТЕ ЌЕ СЕ ОПАРАТ – од овој месец повисоки плати за пет проценти 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се пофали дека од септември полицајците ќе добијат зголемување на платите за 5 отсто, што ќе биде трето покачување на платите на вработени во МВР.

„Во 2018 година се издејствува зголемување на платите за околу 5 илјади униформирани полициски службеници, притоа овозможувајќи издвојување на работните позиции помлад полицаец, полицаец и виш полицаец од останатите вработени. Со ова за првпат е извршено зголемување на бодови за полициски службеници за 10 и 20 бодови за работната позиција „полицаец“, од категориите Е5, Е4, Е3 и Ж5, Ж4 и Ж3, за што во Буџетот на Министерството за внатрешни работи за 2019 година побарани се и одобрени парични средства за исплата на зголемување на плата во износ од 80.000.000 денари на годишно ниво за 4.821 униформиран вработен. Посебно значајно за ова раководство на МВР е што вакво зголемување за основната компонента полицаец се остварува за првпат од 1991 година па наваму.

Второто покачување следуваше во септември 2019 година, при што платата на вработените во МВР беше зголемена за 5 отсто, а за спроведување на ова зголемување беше зголемена вредноста на бодот од 26,09 денари на 27,72 денари.

Исто така, со зголемување на платите од 30 отсто се опфатени 100 лица од Одделот за информатика и телекомуникации и тоа сметано од 01.01.2020 година. Министерството за внатрешни работи се реши на овој чекор токму од причина да се мотивираат овие кадри да не заминуваат од министерството и соодветно да придонесат на позициите за кои се ангажирани“, се вели во соопштението на МВР.

„Со најновиот Колективен договор, донесени се одлуки кои значат финансиско зголемување за вработените во МВР:

• 5 отсто исплата за домашно дежурство за неуниформирани полициски службеници,
• исплата на јубилејна награда за 10 години непрекината работа во МВР,
• исплата на еднократна помош од 100 евра во денарска противвредност за новородено дете, за припаднички на МВР,
• исплата на надоместок за ментор за успешно спроведена менторска програма,
• исплата за надоместок на храна за ноќна работа, а во 2021 година исплатени се 259 вработени во вкупен износ од 6.149.195 денари
Дополнително, во согласност со новиот Закон за минимална плата, за сите вработени во Министерството за внатрешни работи, на кои им се исплаќа платата врз основа на Законот за внатрешни работи и Колективниот договор, минималната бруто-плата изнесува 26.800 денари. Тоа значи дека платата за вработените во МВР за најниското работно место со статус на овластени лица и полициски службеници, во согласност со систематизацијата на МВР, е над предвидената минимална плата.

Од полициските службеници кои беа доведени во состојба на супстандардни услови, без потребна опрема и униформи, создадовме мотивирана полиција која работи во интерес на граѓаните и државата. Продолжуваме и во наредниот период со уште поголема енергија да ги воспоставуваме европските стандарди во полицијата за да можеме да претендираме на уште подобри резултати во работењето“, се вели во соопштението од Министерството за надворешни работи. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons