Познато колку изнесува штетата од невремето во Делчево

Од Општината Делчево проценуваат дека поправката на раскопаните и распукани улици ќе чини еден милион евра, по минатонеделното невреме што го зафати овој град, а дополнително се прави проценка на штетите на атмосферската канализација.

Според информациите од општината, се утврдува и колку ќе чини насочувањето на речните водотеци, а извештајот бил разгледуван на вчерашната седница на Влада.  Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски информирал каква е состојбата на терен и направените штети. 

Се очекува и Владата да излезе со конкретна помош, додека најави за помош стигнуваат од општини, компании, а солидарни се и граѓаните.

Претходно комисијата за процена на штетите од невремето кое го зафати Делчево на 8 јуни, започна со теренските активности.При процена и утврдување на висината на штетата, Комисијата ќе ја применува Методологија за процена на штети од природни непогоди и други несреќи. Досега во Општина Делчево има поднесено 60 пријави за штети. 

-Комисијата во својата работа ќе соработува со надлежните државни органи, научно-стручни институции и по потреба ќе ангажираат и стручни лица – експерти од соодветната област по претходно добиена согласност од Градоначалникот на Делчево. Процената и утврдувањето на висината на штетата ги опфаќа видот, обемот и висината на штетата изразена во натура и вредносни показатели, според подрачјето, дејноста, имотот, сопственоста, времето и причината за настанување на штетата, соопшти Општина Делчево.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons