Познати се полуфиналните двојки во Купот на Македонија 

Денеска во просториите на Фудбалската федерација на Македонија беа одредени паровите за полуфиналето од Купот. 

Струга Трим Лум ќе ја пречека екипата на Македонија Ѓорче Петров која според актуелната форма е фаворит за освојување на Купот на Македонија. Во вториот дуел Пелистер е домаќин на Силекс кој како второлигаш стигна до четирите најдобри, а има реални шанси и за пласман во финалето. 

Куп на Македонија – полуфинале Струга ТЛ – Македонија ЃП Пелистер – Силекс 

Натпреварите се играат на 20 април од 16 часот, финалето е на 20 мај на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons