МакедонијаНајново

Пожар избувна на Шар Планина, горат пасишта

Пожар избувнал денеска над Боговињско Езеро на Шар Планина, на непристапен терен во близина на граничниот појас меѓу Македонија и Косово.

Според надлежните, засега нема опасност огнот да се прошири кон шумскиот фонд.

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Тетово соопшти дека во 11:54 часот ТППЕ – Тетово пријавила пожар над Боговинско Езеро.

По пријавата, РЦУК – Тетово го известил ЈП „Национален парк Шар Планина“, од каде потврдиле дека се запознаени со пожарот.

Според информациите од Националниот парк, пожарот зафатил пасишта, а поради непристапноста на теренот, нема да се интервенира, туку пожарот ќе се следи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons